Сопругот на Сузана Гавазова демантира дека градат куќа во Охрид

10 мај, 2021
gavazova

Нашата мега популарна (фолк) пејачка Сузана Гавазова деновиве ја тревожи јавноста и тоа од две причини. Едната е поради најновата песна насловена како „Аманет“ за која е снимен и атрактивен видеоспот на разни локации во Охрид, особено во „Заливот на коските“. Песната се врти на огромен број радиостаници со што веројатно ќе го повтори успехот на хитот “Бум,бум“.

Втората причина поради која Сузана е најмногу и озборувана од чаршијата, а не само во медиумите е веста дека таа со сопругот Јасмин гради голема семејна куќа во Охрид на една извонредна локација од која се пружа фантастичен поглед на Охридското Езеро. И ете, ние како многу љубопитен народ, но и уште позавидлив не можеме ако не си создадеме секакви приказни, од оние душманските, од каде им се парите на Сузана и Јасмин, до оние дека и тоа нема долго да им трае.
Сепак, на сеирџиите устата не можеш да им ја затвориш, па вистинскиот одговор за весникот ВЕЧЕР го побаравме, не само од Сузана, туку токму на вистинското место кај нејзиниот сопруг Јасмин Курузовиќ, со кој пејачката е во долгогодишен среќен брак.

-Силно сум изненаден, малку и разочаран од овие дезинформации кои се пласираат во одреден дел од македонските медиуми за куќата која ја градиме јас и Сузана, вели Јасмин. Тоа што ставив своја слика на својот ФБ на која сум во самото Охридско Езеро на некои им ја расцути бујната фантазија дека куќа градиме во Охрид. Дал да плачам или да се смеам на оваа лага? Вистина е дека куќа градиме, но не во Охрид туку во Дојран! Тој град од источната страна на Македонија ни е секако поблиску до Струмица во која сме сега. А и самиот Дојран има потопла клима, онаа Медитеранска, која некако на мене и Сузана повеќе ни одговара. Доста ни е од она студенило, оние снегови кои ги имавме додека живеевме во студената Шведска.

И двајцата заедно со децата сакаме долго, топло лето, благи зими, убави медитерански плажи и куќа на брегот на езерото. Всушност ние како семејство сакаме постојано да сме во вода, да пливаме, да се ладиме од тропските жештини, да пиеме освежителни сокови во ладовина на палмите. Како во соништа, а зошто да не?!     

Сето тоа јас и Сузана го најдовме во топлиот Дојран, кој е од мај до ноември целиот расцутен со леандри, калинки, лаванди…. и обоен е во зеленилото од раскошни Медитерански билки, вели Јасмин кој потенцира дека не може да им се начуди на тие медиуми кои шират непроверени вести, како што вели, дека се тоа лажни вести.          – Куќа градиме, ама локацијата ни е во Дојран, а не во Охрид, сопругот на нашата атрактивна пејачка Сузана Гавазова.

Преземено од vecer.press

escort - Korsan taksi