Актерката Хали Бери открива: „Мојот прв бакнеж беше со девојче“

23 февруари, 2021
1408923.jpeg

Оскаровката Хали Бери откри во седмата епизода од серијата „Bad & Booshy“, која ја снима со нејзината пријателка, модната стилистка Линдзи Флорес, дека нејзиниот прв бакнеж бил со девојка.


„Имав момче по име Лашон Бојд и сакав француски бакнеж, но не знаев како се бакнува француски, па затоа побарав помош од мојата најдобра пријателка“, објаснува Бери.

„Таа дојде кај мене дома и ме бакнуваше околу половина час. Буквално ми покажа како да француски да се бакнувам. Следната вечер француски се бакнував со Лашон Бојд“, се присети Бери.

Кога Флорес ја прашала кој бакнеж е подобар за неа, актерката сепак рекла на Лашон Бојд.

Бери го одбележа Денот на вљубените на социјалните мрежи објавувајќи видео во кое топлес танцува со своето момче, музичарот Ван Хант.

Веста за нивната романса, списанието „People“ ја откри во септември, кога извор им потврди дека се гледале неколку месеци и дека музичарот веќе ги запознал синот Мацео-Роберт (7) и ќерката Нахла (12).

Тие поминуваат многу време во нејзината куќа во Малибу. Изгледа навистина уживаат во својот мир. Ван ги запозна нејзините деца, па тоа изгледа прилично сериозно “, рекол изворот.

escort - Korsan taksi