АНЏЕЛИНА Е БЕСНА По пет години, судот донесе пресуда во корист на Бред

27 мај, 2021
angelina-i-brad

Заврши борбата што траеше пет години

Пред пет години, актерката Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит, и токму од тој ден се водеше нивната правна битка околу старателството над нивните пет деца, 17-годишниот Пакс, 16-годишната Захара, 14-годишната Шајло и 12-годишниците близнаци Вивиен и Нокс. Заедно со нив, тие имаат и 19-годишен син Медокс кој е возрасен, така што тој не е вклучен во оваа семејна драма – барем не законски. Во последно време се почесто се пишува дека Анџелина целосно ги свртела децата против нивниот татко, па Бред воопшто не ги гледа. За некои сосема неочекувано, а за некои сосема фер, ангажираниот приватен судија Џон Удеркирк пресуди во полза на Бред.

Brad Pitt

Самиот судски процес траеше неколку месеци и во него учествуваа многу сведоци, експерти и терапевти. Анџелина го критикуваше судијата дека не им дозволил на децата да сведочат. Актерката се обидуваше да посочи и други проблеми во текот на целиот овој процес, иако не се противеше целосно на заедничкото старателство. Бред дури беше под истрага за наводна злоупотреба на децата затоа што изгубил контрола во нивно присуство, но тој бил ослободен од тие обвиненија. По пет години, Бред ја дочека посакуваната одлука.

Иако беше напишано сосема поинаку, актерот сепак поминува време со своите три помали деца, Шајло, Вивиен и Нокс. За американските медиуми, неименуван извор открил дека најмалите деца сè уште се во контакт со нивниот татко. „Освен Медокс, сите деца сакаат да поминуваат време во домот на Бред“, рекол изворот, со што ги демантирал пишувањата на некои медиуми кои неодамна изјавија дека актерот не ги гледа децата затоа што наводно ќе сведочат против него на суд во корист на нивната мајка. Како што сега се покажа, децата не биле на списокот со сведоци во споменатиот спор.

Angelina Jolie

Пред неколку дена протече нова драма меѓу поранешните сопружници. Покрај проблемот со алкохолот и насилното однесување на Бред, сега се појавија обвинувања дека Пит ја изневерувал Анџелина со проститутки. Наводно, Анџелина изнајмила приватен истражител кој извесно време го следел Пит и открил дека славниот актер посетувал бордел и неколку пати ја изневерувал Џоли со проститутки, а освен што уживал во прељубата, тој знаел и да посегне и по тешки дроги, наведува Page Six.

brad i angelina
escort - Korsan taksi