Бијонсе со сите ТРИ ДЕЦА: Таа вешто ги КРИЕШЕ, а сега јавноста е прилично изненадена од ЕДЕН факт!

4 мај, 2021
shutterstock_166148093

Сликата ја сподели нејзиниот долгогодишен соработник.

Бијонсе е позната како некој што ја чува нејзината приватност подалеку од очите на јавноста, па на нејзиниот Инстаграм профил не можете да најдете голем број фотографии со децата.

Сега, на Интернет се појави една од сликите на која се сите три деца – ќерката Блу Ајви и близнаците Руми и Сиру, а јавноста е прилично изненадена колку се пораснати.

Блу Ајви има девет години и неодамна стана втора најмлада добитничка на Греми во историјата, додека близнаците имаат три години.

Фотографијата ја објави долгогодишниот фризер на Бијонсе, Нил Фарина, а славното семејство позира во црни комбинации од глава до пети. Најмногу коментари секако собраа Бијонсе и нејзината миленичка Блу Ајви, која за малку ќе ја „надмине“ висината на славната мајка.

Секако, имаше и такви кои коментираа дека немале идеја дека парот има близнаци, а тоа е токму затоа што тие никогаш не ги експонираат јавно.

Првата фотографија од бременоста на Бијонсе со близнаците речиси го сруши интернетот, бидејќи за само осум часа таа собра над 6,3 милиони лајкови.

Славната брачна двојка неодамна ја прослави 13-годишнината од бракот, кој не беше секогаш беспрекорен. Да се потсетиме, Џеј Зи ја изневери Бијонсе пред пет години, за што таа сними серија песни кои на крајот завршија на албумот „Лимонада“, кој го овековечи тој бурен период во нивните животи.

Бијонсе во песната „Извини“ ја нарече љубовницата на нејзиниот сопруг „Беки со убава коса“, а некое време се шушкаше дека станува збор за Рита Ора, се додека самата пејачка не го демантираше тоа. Како што откри тогаш Бијонсе, најпрво остана во брак само поради Блу Ајви, а Џеј Зи рече дека „најлошата казна е да се погледне лицето на личноста која ја изневерил“.

Тие успеаја да го спасат бракот благодарение на терапиите, а им помогна и музиката.

– Ние ја користевме уметноста како терапија. Тогаш започнавме да правиме музика заедно. И музиката на која таа работеше во тоа време отиде подалеку. Нејзиниот албум излезе како спротивност на заедничкиот албум на кој работевме во тоа време – објасни раперот за „Њујорк Тајмс“ пред четири години.

Во интервју за CNN, тој рече:

– Најдоброто место во ураган е во неговиот центар. Најдоброто место е во центарот на болката. Таму и седнавме. Беше непријатно. Разговаравме многу. Јас бев навистина горд на музиката што таа ја направи, а таа беше горда на уметноста што ја создадов. И на крајот на денот имаме почит еден за друг. Мислам дека таа е неверојатна – објасни раперот.

escort - Korsan taksi