Били Ејлиш во страв: “Ми испрати пораки дека ќе умрам, се плашам да излезам од дома”

21 февруари, 2021
5a23a8c977002f527f22.jpeg

Таа исто така тврди дека се вознемирила и се плаши секој пат кога ќе мора да се врати дома или да излезе од тоа и се плаши за безбедноста на своето семејство.

Били Ејлиш побара мерка забрана за мажот кој ја малтретирал и и се заканувал со застрашувачки пораки и наводни чудни гестови во последните шест месеци, се во близина на нејзиниот дом во Лос Анџелес.

Наводно, Џон Хирл, тврди Ејлиш, кампувал во училиштето спроти нејзиниот дом, пренесува ТМЗ. 19-годишничката изјавува дека добила бројни заканувачки и вознемирувачки писма, а таа дури тврди дека кога ја видел, направил гест со раката како да „ќе и го пресече грлото“.

Ејлиш ја откри содржината на пораката што ја добила од Џон, што ја вознемирила страшно. „Не можеш да го добиеш она што го сакатш, освен ако она што го сакаш е да умреш за мене… Ќе знаеш дека наскоро водата ќе се крене и ќе умреш… ќе умреш“, се вели во пораката.

Пејачката тврди дека ја гледал како влегува и излегува од својот дом и секогаш и зборувал нешто или правел некој застрашувачки гест.

Таа исто така тврди дека се вознемирила и се плаши секој пат кога ќе мора да се врати дома или да излезе од тоа и се плаши за безбедноста на своето семејство. Сега, со наредба за забрана, таа побара Џон да не може да и пријде на нејзе или нејзините родители во радиус од најмалку 200 јарди, или 182,88 метри. Таа сака Хирл да остане најмалку 200 метри подалеку од неа и нејзините родители.

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека го истражува случајот, но Џон не е уапсен. “Повеќе не се чувствувам безбедно кога излегувам и правам физички вежби во моето соседство, бидејќи тој може да се обиде да ми пријде и да ме повреди. Секој пат кога ќе го видам, сакам само да вреснам”, рече пејачката.

escort - Korsan taksi