Ги изненади обожавателите: Никогаш порано не сме ја виделе младата sвезда во вакво издание

22 април, 2021
1447114

Били Ејлиш, младата американска музичарка која го освои светот со своите песни, но и со нејзиниот необичен моден стил, уште еднаш им донесе на своите бројни обожаватели големо изненадување што ги „запали“ социјалните мрежи.

Откако ја смени фризурата, се чини дека сега е време и за облеката, па повеќекратната добитничка на Греми претстави нова, драстична трансформација на својот Инстаграм профил.

Наместо oversized модните комбинации полни со необични бои или дезени на кои сме навикнати од оваа 19-годишна девојка, Били се одлучи за нешто сосема друго!

Фановите повторно беа шокирани од младата пејачка со неверојатна преобразба и таму во трендовски granny chic изглед облечена во бел кардиган со копчиња. Станува збор за креација потпишана од престижниот Гучи, за која треба да се издвојат 1.100 евра.

Оваа комбинација, нетипична за ексцентричната Били, чиј заштитен знак до неодамна беше необична зелено-црната фризура, одлично и прилега, а многу следбеници на социјалните мрежи не ги штедеа пофалните зборови.

По само еден ден оваа објава собра 13 милиони лајкови.

Одлична фризура, внимателно одбран накит и суптилна шминка, го заокружија овој кул изглед на младата музичарка која стави значајна порака „Се случуваат некои работи“ со фотографијата, што многу фанови ја протолкуваа како најава за нов материјал на прославената тинејџерка со растечката армија фанови.

escort - Korsan taksi