Хејли и Џастин Бибер искешираа 8,5 милиони долари за новата вила на Беверли Хилс!

9 февруари, 2021
dzastin-biber-2-460x0

Познатиот пејач и манекенката купија нова скапа вила на Беверли Хилс, на која и дадоа интересно име..

Канадскиот пејач Џастин Бибер (26) и неговата сопруга Хејли (24) неодамна купија вила во “Monterey Colonial” во стил од 1930-те на Беверли Хилс, Калифорнија за 8,5 милиони долари. Имено, луксузната вила што ја именуваа како „Тропските предели“ се наоѓа северно од булеварот Сансет во Беверли Хилс и има 570 м2.

Првично е изградена во 1932 година, а неодамна беше повторно реновирана.

Куќата има 5 спални, 7 бањи, дневна соба и светла кујна со бел централен „остров“, додека кујнските елементи се изработени од дабово дрво.

На долниот кат има кино, библиотека обложена со дрво, бар и визба за вино Дневната соба и кујната се отвораат кон дворот каде има базен „без рабови“, тераса со камин и сè е опкружено со маслинови дрвја. Не се сомневаме дека младата брачна двојка навистина ќе ужива во новата инвестиција, а новите фотографии од луксузната куќа можете да ги видите во галеријата во текстот.

escort - Korsan taksi