Има три деца со три различни мажи, а од последниот се разделува во ретки моменти и не се воздржува од сочни бакнежи на јавно место: Кејт на одмор во Грција

15 јуни, 2021
Screenshot_2

Кејт Хадсон разменуваше нежност со своето момче Дани Фуџикава, кој е седум години помлад од неа, а тие одлучија да се обидат и во некои спортски активности.

Познатата оскаровка и американска актерка Кејт Хадсон ужива на годишен одмор во сончевата Грција, а папараците таму ја фатија на една од плажите, додека разменуваше нежности со своето момче Дани Фуџикава, со кого е во врска од 2017 година.

Кејт (42) е снимена како страсно се бакнува со седум години помладиот музичар, а дополнително внимание привлече нејзиниот секси костим за капење со длабоко деколте, а дури ни ризичниот модел не ја спречи да се обиде во веслање со кану.

Двојката има 2-годишна ќерка Рани, а со поранешните партнери Кејт уште го има 16-годишниот син Рајдер, кого го доби со нејзиниот поранешен сопруг, пејачот Крис Робинсон и 8-годишниот Бингам, кого го доби со нејзиниот поранешен свршеник, фронтменот на групата Muse, Мет Белами.

Ѕвездата на романтичните комедии ја следат 15 милиони луѓе на Instagram, а таа споделува моменти од приватниот и деловниот живот со нив и исто така се пофали и што во моментот е во Европа.

Кејт се најде на историската насловна страница на списанието People Beautiful пред една година, позирајќи со нејзината мајка, легендарната актерка Голди Хоун, а потоа и со едногодишната ќерка Рани, а тоа беше првпат три генерации на едно семејство да се најдат на иста насловна.

Кејт ја сними својата прва насловна страница на само 17 години за списанието InStyle кога позираше во прегратката на Голди.

escort - Korsan taksi