ИМААТ ИСТ ВКУС ЗА МАЖИ! Пред Канје и Ирина Шајк и Ким Кардашијан беа во врска со ОВА момче

11 јуни, 2021
Kim-Kardasijan-i-Irina-Sajk

Додека целиот свет зуе за односот меѓу руската манекенка и американскиот рапер кој сè уште е официјално оженет со Ким, многумина се сетија дека ова не е прв пат да им се прекрстат патиштата кога станува збор за мажите.

Целиот свет зборува за романсата помеѓу американскиот рапер Канје Вест и руската манекенка Ирина Шајк. Гласините за нив првпат се појавија пред неколку недели, а сега парот конечно е „фатен на дело“.

Прво за време на прошетка низ Прованса во Франција, а потоа и на аеродромот, кога се криеја од папараците со јакни.

Иако раперот сè уште официјално не се разведе од Ким, интересно е што ова не е прва ситуација во која се прекрстија патиштата на Кардашијан и Шајко кога станува збор за мажите.

Имено, и Ким и Ирина имаа исто момче во минатото, иако не во исто време.

Тоа е познатиот миленик на жените и познат заводник, фудбалерот, Кристијано Роналдо.

Врската меѓу португалскиот фудбалер и Ирина Шајк, бидејќи траеше пет години, е далеку попозната од онаа со Ким, а фудбалерот дури во еден момент се вери со убавата Русинка.

Сепак, таа година, непосредно пред да влезе во врска со Ирина, Роналдо редовно се гледаше со Ким. Двајцата, наводно, биле забележани како се бакнуваат во Мадрид, каде старлетата поминала тридневен одмор. Сепак, не е познато колку долго се гледале или сепак станува збор само за авантура.

Кристијано и Ким беа видени заедно уште еднаш, на концертот на Џенифер Лопез во Лос Вегас во август 2016 година, што значи дека бил фатен со Ким пред и по врската со Ирина.

Кога станува збор за руската манекенка, парот се сретнал на снимање за Armani Exchange, но познанството добило романтичен тон во мај кога заедно тргнале на крстарење со јахта.

Еден месец покасно, мистериозна жена му роди бебе на Кристијано, но и покрај тоа, Ирина и Роналдо се свршија во 2011 година. Заедно се појавија во 2012 година на насловната страница на шпанскиот „Вог“, на кој фудбалерот беше целосно гол зад манекенката.

Тие поминаа 5 години заедно, а раскинаа во ноември 2015 година, по што Ирина започна да се забавува со актерот Бредли Купер.

escort - Korsan taksi