Каков фраер љуби поранешната српска снаа! Адријана Лима има ново момче, Инстаграм „гори“

3 мај, 2021
adrijana-lima-830x0

Поранешната српска снаа го покажа својот нов партнер на роденденска забава

Манекенката Адријана Лима (39) е повторно заљубена и во врска.

Имено, по распадот на бракот со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ, Лима беше во долга врска со турскиот писател Метин Хар, потоа беше во кратка врска со турскиот бизнисмен Емир Ујар, а сега со „мускулесто момче“ кое го покажа на Инстаграм.

Манекенката објави серија фотографии од роденденската забава на нејзината пријателка а на сите слики е во прегратката на млад човек во темно сина кошула.

На некои слики се гледа и како ја држи за половината додека позира со неа, додека таа ја потпира главата на неговото рамо.

– Адријана можела да најде и подобар – се коментарите на некои следбеници на Инстаграм.

Да се потсетиме, пред 10 години, манекенката Адријана Лима, која во тоа време беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ, доби српски пасош и државјанство, откако истото го побара во канцеларијата на тогашниот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ .

Сепак, набргу започнаа расправиите во бракот на славната двојка, па се откри дека поради процедурални пречки, работата за издавање на пасошот никогаш не била завршена и дека „Ангелот на Викторија“ никогаш немал патна исправа од Србија.

escort - Korsan taksi