Кевин Спејси ја доби првата улога откако беше обвинет за злоставување

24 мај, 2021
pxl_reu_070119_23165181_Ro0DXg4

Тој имаше вкупно шест обвиненија. Неколку жртви се откажаа од гонењето, во еден случај исчезна клучниот доказ – мобилен телефон, а една од жртвите во меѓувреме почина, па кривичната постапка против него беше прекината.

Холивудскиот актер Кевин Спејси (61) се враќа на филмскиот сет по обвинувањата за сексуално злоставување. Странските медиуми пишуваат дека во филмот ‘The Man Who Drew God’ има помала улога на полициски детектив.

Продуцентот на филмот, Луис Неро (44) ја потврди веста, откако претходно го пофали актерскиот талент на Спејси.

Actor Kevin Spacey arrives to face a sexual assault charge at Nantucket District Court in Nantucket

– Многу сум среќен што Кевин се согласи да учествува во мојот филм. Го сметам за одличен актер и едвај чекам да започне филмот – изјави Неро за ABC News.

Ова е прва улога на Кевин по низата обвинувања за сексуално злоставување, направени на почетокот на 2017 година.

Актерот Ентони Рап (48) во октомври 2017 година откри дека бил жртва на актерот Кевин Спејси, кога имал 14, а Спејси 27. Спејси рече дека не се сеќава дека некогаш се сретнал со Рап, но се извини и ја остави можноста да го направил тоа во пијана состојба. Потоа се јавија уште 15 други кои тврдеа дека имале слични искуства со Спејси, од кои осум штотуку работеле на серијата „House of Cards“, во која тој ја имаше главната улога. По пет успешни сезони, снимањето беше прекинато во шестата поради скандал.

24sata

Спејси подоцна потврди дека е хомосексуалец, велејќи: „Имав врски и со мажи и со жени, но јас сум геј“. Тој имаше вкупно шест обвиненија, но работите се искомплицираа при презентирањето на доказите. Неколку жртви се откажаа од гонењето, во еден случај исчезна клучниот доказ – мобилен телефон, а една од жртвите во меѓувреме почина од рак, па последната кривична постапка против актерот беше прекината.

escort - Korsan taksi