Ким на првото сингл излегување: И се придружија и Бекамови, Малума и низа други sвезди

21 април, 2021
174124143-832469284293837-3772813652531992591-n

Старлетата Ким Кардашијан ужива новостекнатата слобода на забавата за отворање на луксузен хотел во Мајами по бурниот развод со раперот Канје Вест

Американската ријалити sвезда Ким Кардашијан (40) во моментов е во средина на разводот, но тоа не ја спречи да се забавува и да ужива во придобивките од сингл животот.

Во придружба на неколку пријатели, Ким се појави на отворањето на хотелот „Гудтајм“ во Мајами, сопственост на продуцентот Фарел Вилијамс (48) и претприемачот Дејвид Грутман (46). На забавата таа блесна во тесен златен фустан на Кристијан Диор и привлече бројни погледи.

На забавата се прославуваше и почетокот на новата сезона на фудбалскиот клуб Интер Мајами ЦФ, кој е во сопственост на славниот Дејвид Бекам (45). Дејвид присуствуваше на забавата со сопругата Викторија (47) и синот Бруклин (22), а тие и се придружија на Ким и се фотографираа со неа. Кардашијан е во добри односи со популарниот пар и и го честиташе роденденот на Викторија следниот ден преку Инстаграм. „Среќен роденден, те сакам“, напиша таа покрај нивната заедничка фотографија.

И популарниот пејач Малума (27) се забавуваше со Бекамови и Ким, а на оваа забава присуствуваа и многу други ssвезди како Тимбаленд (49), Ванеса Хаџенс (32) и Бед Бани (27).

escort - Korsan taksi