Маскираната Ријана ги изненади демонстрантите: ‘Дали си тоа навистина ти?’

9 април, 2021
pjimage-1_zrMeDMh

Видеото снимено од асистентката на Ријана на протестот во Њујорк, брзо стана хит на Интернет. Го прегледале над 400 000 луѓе

Пејачката Ријана (33) без најава се приклучи на протестот ‘Stop Asian Hate’ во Њујорк. Целосно маскирана, таа се спои со толпата и танцуваше во друштво на нејзината асистентка Тина Труонг, која ја документираше ситуацијата за Инстаграм.

Ријана не беше препознаена затоа што носеше маска, капа и големи очила за сонце. Но, еден млад човек ја замоли да го напише името на нејзиниот профил на Инстаграм во неговиот мобилен телефон за да ја обележи во неговиот пост. Тој се шокираше кога го виде нејзиното име на екранот и сфати со кого се дружи.

– Дали навистина си ти? – ја праша со неверување.

Ријана и нејзината асистентка пукнаа од смеа, потврдија и продолжија, а видеото за краток временски период го погледнаа над четиристотини илјади луѓе.

Протестот се одржа како кулминација на проблемот со омраза кон Азијците во Америка, а беше поттикнат од неодамнешниот масакр во Атланта. Во својата крвава кампања, Роберт Арон Лонг (21) уби осум лица, од кои шест жени со азиско потекло.

Патем, Ријана сама го изработила транспарентот што го држеше во рацете и на кој пишува: – Омразата е расизам кон Бога.

escort - Korsan taksi