НА НЕА И Е ПОСВЕТЕНА ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ЉУБОВНИ ПЕСНИ: Поранешна манекенка ШОКИРАШЕ со ново издание, и порачаа да ГО ПРОМЕНИ СТИЛИСТОТ!

29 септември, 2021
1570639_profimedia0367315715_ls

Поранешната манекенка Криси Тајген неодамна во друштво на својот сопруг, Џон Леџенд, беше фотографирана во проѕирен фустан под кој јасно се гледаше нејзината долна облека, а ова нејзино издание предизвика поделени реакции на Интернет.

Krisi Tajgen, Džon Ledžend

Поранешната манекенка беше фотографирана во Њујорк со нејзиниот сопруг, музичарот Џон Леџенд, додека одеа на вечера, и за таа прилика се одлучи за црн, проѕирен чипкан фустан.

Под оваа провокативна тоалета, Криси носеше само долна облека, црн градник и длабоки гаќи во иста боја, а кога станува збор за чевлите, таа се одлучи за длабоки чизми со високи потпетици. Комбинацијата ја заврши со мала црна чанта со златни детали, а судејќи по коментарите на социјалните мрежи, изданието на Криси не им се допадна на нејзините следбеници.

Krisi Tajgen, Džon Ledžend

„Жено, смени го стилистот“, „Што и се случи, порано беше икона на стил“, „Вака се облекуваш кога сакаш да привлечеш внимание“ … се само дел од коментарите на објавата на манекенката.

Да се потсетиме, Џон Леџенд на својата сопруга и посвети една од најубавите љубовни песни „All of me“.

Krisi Tajgen, Džon Ledžend
escort - Korsan taksi