НАЈСКАПИОТ РАЗВОД ВО ИСТОРИЈАТА: Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат, нивната ќерка е загрижена само за едно – ПРЕДБРАЧНИОТ ДОГОВОР!

5 мај, 2021
screenshot_from_2021-05-04_11-05-03

Развод вреден 124 милијарди долари.

Разводот на Гејтс ќе биде еден од најкомплицираните и најскапи разводи во историјата.

Били Гејтс се разведува од сопругата Мелинда по 27 години брак. Тоа го објави и на Твитер:

– Откако напорно работевме на нашата врска, донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак. Во последните 27 години одгледавме две прекрасни деца и создадовме фондација што ќе обезбеди здрав и успешен живот за луѓето ширум светот. Ние продолжуваме да веруваме во нашата мисија и ќе продолжиме да работиме заедно во фондацијата, но повеќе не веруваме во заедничкиот живот. Во оваа фаза од животот, како пар не можеме да продолжиме. Ве молиме почитувајте ја нашата и приватноста на нашите семејства – напишаа Бил и Мелинда на Твитер.

Од документите што Мелинда му ги дала на судот, било утврдено дека парот не потпишал предбрачен договор. И покрај големото богатство, семејството во моментов доживува криза. Затоа се огласи нивната ќерка Џенифер Гејтс.

– Сигурно сте ја слушнале веста дека моите родители се разведуваат. Во моментов не ни е лесно, сè уште учам како да ја надминам оваа ситуација за да си помогнам себе си и на моето семејство. Ви благодарам за поддршката – напиша Џен.

Тие не потпишаа предбрачен договор

Поранешните сопружници ќе мора да најдат начин да ги поделат луксузните имоти што ги поседуваат, покрај кои имаат и приватен авион, голема колекција на уметнички дела и неколку луксузни автомобили. Според документите доставени до адвокатите, некои работи ќе бидат решени надвор од судот. Мелинда е застапувана од тим на адвокати од Њујорк, додека Бил е застапен од адвокатски тим од Лос Анџелес.

Мелинда е родена како Мелинда Ен Франш на 15 август 1964 година во Далас. Нејзиниот татко бил инженер кој правел авиони и вселенски летала, а нејзината мајка Елејн била домаќинка. Мелинда рано се заинтересирала за компјутери и математика. Таа дипломирала во 1986 година. Истата година, таа се вработила во Мајкрософт.

Бил и Мелинда се запознале кон крајот на осумдесеттите години кога таа се приклучила на Мајкрософт. Се венчале во 1994 година за Нова година на Хаваите. Мелинда го напушти Мајкрософт во 1996 година за да се посвети на семејството. Во декември 2005 година, списанието „Тајма“ ја прогласи за личност на годината.

Комплициран развод

Во едно од интервјуата таа истакна како таа и Бил добро функционираат затоа што подеднакво ги делат улогите и задачите во домаќинството. Сепак, тие имале и предизвици во бракот. По раѓањето на нејзината прва ќерка, Мелинда често се чувствувала осамена бидејќи Бил знаел да заглави на работа.

-Огромното богатство лесно може да ве збуни. Останав приземјена, па го живеев семејниот живот каков секогаш посакував – изјави Мелинда.

Заедно имаат три деца (Џенифер, Рори и Фиби). Секој од нив ќе наследи 10 милиони долари.

Тежок е 124 милијарди

Бил инаку е четврти на листата на Форбс за најбогати луѓе во светот, тежок 124 милијарди долари. Заедно тие ја водат фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, преку која досега донираа повеќе од 50 милијарди долари во добротворни цели.

escort - Korsan taksi