НЕ МОЖЕ ДА СИ ГО ДРЖИ ЈАЗИКОТ ЗА ЗАБИ: Анџелина повторно војува со татко и

23 април, 2021
profimedia-0423193168-1

Само што го средија односот, Анџелина Џоли и Џон Војт наводно повторно се во кавга

Во последните неколку години неколку пати се пишуваше за напнатост во семејството на американската актерка Анџелина Џоли. Како што беше познато претходно, 45-годишничката и нејзиниот 82-годишен татко, оскаровецот Џон Војт, имале многу кавги во минатото, а едно време дури и не разговарале неколку години. Но, во 2017 година, во интервју за „Венити фер“, Анџелина откри дека Џон е повторно во нејзиниот живот, но и во животот на нејзините деца и дека гради врска со нив. И токму кога се мислеше дека дуото татко-ќерка е конечно на вистинскиот пат, сега во медиумите се појавија информации дека нивната врска повторно се лади.

Angelina Jolie

Џон не може да ја затвори устата

 Имено, според пишувањето на ОК! магазинот, Анџелина и Џон престанале да зборуваат повторно, а за сè е виновен нејзиниот поранешен сопруг, 57-годишниот актер Бред Пит. Според неименуван извор, на актерката не и одговара мешањето на нејзиниот татко во врската со нејзиниот поранешен сопруг, со кого веќе пет години се бори за старателство над шест деца. ‘Џон едноставно не може да ја задржи устата затворена. Не можеше да го стори тоа во полошо време. Анџелина верува дека татко и ја поткопува нејзината борба за целосно старателство над децата и лута му е за тоа“, изјави извор за споменатиот медиум.

Jon Voight

Наводниот конфликт татко-ќерка избувна откако Џон повеќе пати во медиумите ја коментираше најнабљудуваната битка за старателство над децата, каде меѓу другото рече дека верува оти неговата ќерка и поранешниот зет ќе постигнат заеднички договор. Со оглед на тоа дека актерката инсистира на целосно старателство над посвоениот 19-годишен Медокс, 16-годишниот Пакс и 15-годишната Захара и нивните биолошки деца, 14-годишната Шајло и 12-годишните близнаци Нокс и Вивиен, ставот на нејзиниот татко дека со поранешниот сопруг треба да донесат одлука за децата, воопшто не и одговара.

escort - Korsan taksi