Откриено е сè за бебето на Наоми Кемпбел, а и со кого ќе го воспитува!

20 мај, 2021
profimedia-0039471379

Наоми живее во Америка со тајно момче кое ќе и помогне во воспитувањето на детето

Една од најпознатите и најплатените модели во светот, Наоми Кемпбел, пред два дена се пофали на социјалните мрежи дека станала мајка на 51 годишна возраст. Имено, како што вели, конечно дошло нејзиното девојче.

Бројните следбеници ја преплавија објавата со позитивни коментари. Повеќето, судејќи според коментарите, беа во шок со оглед на тоа што Наоми порано не зборуваше за мајчинството. ‘Честитки. Девојчето е круна на твојата кариера и живот. Ова е твојата најголема победа. Ќе видиш наскоро’, се само некои од коментарите под објавата. ‘Наоми живее во Америка со дечко ѝ и е навистина среќна. Конечно почувствува дека е совршено време да стане мајка. Карантинот и дозволи да застане некое време и да размислува за навистина важните работи, па заклучи дека сега е време да се создаде семејство“, изјави извор за странските медиуми. Кое е момчето на славната манекенка сè уште не се знае.

Патем, пријателите на модната икона, за странските медиуми, открија дека детето е родено од сурогат мајка. До денес се шпекулираше дали станува збор за посвојување или сурогат мајчинство. ‘Наоми избра сурогат мајка и беше со неа сите девет месеци. Пресреќна е што го прошири своето семејство и со нетрпение го очекува секој нов ден’, рекле нејзините пријатели. Патем, минатата година Наоми ја навести добрата вест кога изјави дека 2021 година ќе биде нејзината најдобра година, но никој тогаш немаше идеја на што точно алудира.

Иако 51-годишната Британка не потврди дека го добила детето со помош на сурогат мајка, се погласни се гласините дека Наоми посетила клиника на почетокот на минатата година, каде што дала јајце клетка. Инаку, сурогат мајката е придружувана од еден од координаторите во текот на целата бременост, додека друг ја презема целата документација по породувањето. „Цените се многу транспарентни и нема скриени трошоци, а оваа постапка чини многу. Бидејќи ја разбираме емоционалната болка од неуспешните обиди за бременост што ги поминуваат жените и нивните партнери или имаат друг проблем со создавање семејство, имаме програма што гарантира дека сè ќе оди добро и дека ќе ви биде загарантирано да се вратите дома со бебето.’ објасни Гванца Натенадзе, која работи како директор за развој на деловни активности за New Life Georgia.

escort - Korsan taksi