Памела ЦЕЛОСНО ГОЛА со нејзиниот нов сопруг се вклучи во шоуто во живо од креветот и ги ШОКИРАШЕ водителките!

20 февруари, 2021
pamela11.jpeg

Сцената што ги чекаше четирите водителки е – Памела со сопругот во кревет под покривачот.

Актерката и активистка Памела Андерсон и нејзиниот нов сопруг Ден Хајхурст се вклучија во живо во британската популарна програма „Loose Women“. Иако сите очекуваа вообичаено вклучување, ги чекаше изненадување. Шокираната публика покрај малите екрани на социјалните мрежи го искажа своето мислење и беа едногласни дека им е непријатно.

Ѕвездата од серијата „Чувари на плажата“ на Бадник му рече „да“ на член на нејзиното обезбедување. Актерката и нејзиниот сакан се вклучија на темата за партнерства.

Сцената што ги чекаше четирите водителки е – Памела со сопругот во кревет под прекривката.

„Памела, не знаев дека навистина ќе те видиме во прегратките на твојот сопруг“, изјави водителката Надја Савала. Памела одговори: „Од Божиќ не сме излегле од кревет“.

Водителките се пошегуваа дека се чувствуваат како да се во кревет со нив.

Гледачите беа многу збунети и на социјалните мрежи напишаа дека малку се срамат.

„Што само се случи во „Loose Women “, „ Дали се појави на Националната телевизија како од мајка родена со маж и“, „Најчудно интервју “, „Зошто некој би направил интервју од креветот со размачкана маскара “, „Памела дали си добро?“ , „Ова беше крајно непристојно“, напишале гледачите.

Памела Андерсон (53) по петти пат го кажа судбоносното „да“. Памела и Ден се венчаа во нејзиниот дом.

-Се омажив на имот што го купив од баба и дедо пред 25 години. Моите родители се венчаа тука и тие се уште се заедно – вели Памела за „Дејли меил“, додавајќи дека сега се чувствува како да „направила целосен круг“.

-Сега сум точно таму каде што треба да бидам, во рацете на човек кој навистина ме сака – рече Памела. Таа стапи во контакт со телохранител откако се разведе од сопругот Џон Питерс, со кого помина само 12 дена во заедницата.

escort - Korsan taksi