Подготвена сум за нова љубов: Џенифер Анистон три години по разводот откри што бара кај партнерот

29 септември, 2021
profimedia-0154475692-830x0

– Во љубовни врски сум од 20 -годишна возраст и беше убаво за промена да имам време за себе – рече актерката

Актерката Џенифер Анистон и нејзиниот поранешен сопруг Џастин Теру го завршија бракот во 2018 година, а сега призна дека конечно е подготвена за нова љубовна приказна.

За време на гостувањето во радио емисијата „Ручек со Брус“, ѕвездата на „Пријатели“ призна дека се уште е слободна, но и дека е отворена за нова љубов.

– Мислам дека е време. Подготвена сум да се споделам себе со друга личност, а тоа не го сакав долго време. Во љубовни врски сум од 20 -годишна возраст и за промена ми беше убаво да имам време за себе – рече актерката.

Таа ја започна врската со нејзиниот поранешен сопруг во 2011 година, а по четири години се венчаа.

Но, во 2018 година, тие на јавноста и открија дека нивната брачна среќа завршила, но останаа во добри односи и по разводот.

Анистон откри и што бара кај партнерот.

– Сметам дека леснотијата со која тече разговорот по запознавањето е добар показател. Самодоверба, но не и наметливост. Хуморот ми е важен, како и тоа човекот да е дарежлив и љубезен кон другите – изјави Џенифер.

escort - Korsan taksi