ПОПУЛАРНОСТА И БОГАТСТВОТО ЗА НЕА СЕ КОШМАР: Запознајте ја АЛЕГРА ВЕРСАЧЕ, наследничката на империјата за која многу малку се знае

6 април, 2021
236575_165593-profimedia0260422335-ff_ff

Контроверзиите на нејзиното семејство го одбележаа 20тиот век, но тоа ја чинеше многу

Семејството Версаче е исполнето со контроверзии. Секој има слушнато за Донатела и Џани Версаче, но многу малку се знае за наследничката на оваа модна империја.

По убиството на Џани, неговата сестра Донатела го презеде раководството на компанијата, но тој остави 50% удел во модната куќа на својата внука Алегра. Кога наполни 18 години, Алегра стана мултимилионерка, која е сопственик на модна империја вредна 800 милиони долари. Сепак, таа беше многу несреќна девојка.

Во 2010 година, Алегра се избори за живот затоа што имаше само 32 килограми. Целиот период го поминала во болница и домашно лекување, што е многу тешко да се издржи.

– Ќерка ми е во многу сериозна состојба. Таа со години страда од тешка форма на анорексија и сите сме многу загрижени. Лекарите прават се што можат за да и помогнат – рече тогаш Донатела, која откри дека Алегра се храни со помош на цевчиња.

Убиството на Џани Версаче, трнливиот пат на Донатела и нестабилната наследничка која страда од анорексија, ја сочинуваат тажната животна приказна на семејството Версаче. Со децении беа придружени со голема слава, но и со уште поголема трагедија. Алегра Версаче, ќерката на Донатела, страда од многу тешка форма на анорексија и иако има милијарди, таа е многу несреќна.

Иако многу тинејџерки сонуваат за парите и модниот бренд кој го поседува на Алегра, за неа живеењето со славно презиме е кошмар.

– Претпочитам анонимност. Некое време работев со непознати италијански дизајнери, помагав во организирање модни ревии, рекламирање, помагав и во креативната работа. Но, најдобриот дел од таа работа е тоа што јас не сум никој! Тие ми плаќаат, недоволно за сега да живеам без грижи, но може да се научите на сè кога се чувствувате слободни, ако сте тоа што сте, а не она што другите сакаат да бидете, ако не гледате фотографи на секој агол и ако не се закопувате во суровите озборувања кои можат да направат премногу штета – рече Алегра за италијанската „Република“ пред пет години.

Ќерката на славната Донатела Версаче и поранешен американски модел Пол Бек, израсна во предградијата на Милано со нејзиниот помлад брат Даниел. Ретко се појавува во јавноста и избегнува да оди на настани и прослави, а последното појавување и беше на Мет Гала, каде позираше пред фотографите со нејзината мајка Донатела и нејзината пријателка Лејди Гага.

escort - Korsan taksi