Спои убаво и корисно: Миа Костова летото ќе го помине надвор од Македонија – еве каде заминува (фото)

27 мај, 2021
mia

Некогашната водителка Миа Костова често е активна на социјалните мрежи.

Имено, Миа како Инстаграм инфлуенсерка често се дружи со нејзините следбеници, се фали што има ново, што подготвува, рекламира одредени производи, модни парчиња, снима „Јутуб“ видеа, а знае да се вклучи во живо и да дебатира со своите следбеници или пак да некој совет, мислење.

Така пред некое во кратките приказни на „Инстаграм“ таа откри дека заминува од Македонија на некое време, но тогаш не откри детали каде оди и на колку време.

„Периодов што следи најавувам уште еден Охрид и едно поинакво патување кон крајот на април во Албанија. На почетокот на летото ја напуштам Македонија на неколку месеци. Сè тоа ќе биде споделено со вас. Сега може да си помуабетиме…“, напиша тогаш водителката.

Меѓутоа, сега Костова одлучи да открие каде заминува и зошто.

Имено, на „Инстаграм стори“ некој од следбениците ја праша Миа каде заминува, а таа одговори:

„Дерми, Албанија на едно 2, 3 месеци“, а потоа откри и зошто нема да биде тука следниот период.

„Дел сме од приказната на Хавана во Дерми. На наше огромно задоволство преку нас ќе гледате се што се случува таму и добредојдени сте, секако“, напиша водителката.

Миа овојпат спои убаво и корисно, па сигурно ќе ужива и ќе ги наполни батериите, а на нејзините следбеници ќе им пренесе како си поминува.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi