Светот отиде по ѓаволите: Се забрануваат Петар Пан, Дамбо, Книгата за џунглата…Поради лошото влијание врз децата?!

3 февруари, 2021
cropped-1

Цртаните филмови, со кои пораснаа малку постарите генерации, наводно лошо влијаат на денешните деца – затоа има сè поголема цензура во оваа содржина за најмладите.

Претходно, HBO Max одлучи да забрани прикажување огнено оружје, па Елмер сега го лови Душко Долгоушко без пушка.

Сега, платформата Дизни Плус ги укина Петра Пан, Мачките од високото друштво, Маза и Луња поради расизам, а Книгата за џунглата и Дамбо заради погрешно претставување на малцинствата.

Писателот Мухарем Баздуљ го изнесе својот став на оваа тема:

  • „Ми звучи малку интенцирано, но веројатно е последица на некои политички настани. Многу често, разни компании претерано реагираат, но можеби со текот на времето ќе дојде до компромисна ситуација“ – истакна писателот.

Тој се осврна и на бајките и цртаните филмови што ги гледале и читале постарите генерации, а во кои на пример, волкот јаде деца.

  • „Честопати знам да помислам, сите бајки коишто сме ги читале или ни ги прераскажувале се полни со стереотипи, има некаква суровост – волк што јаде деца или како и да е. На некој начин, ми се чини дека ваквите одлуки се навистина претерани во таа смисла. Јасно ми е дека е тешко да се стави некаков вид ограда во содржината наменета за мали деца и да се постави во некој контекст, децата не го разбираат контекстот. Но, токму поради тоа, прашањето е дали во Враната ќе препознаат дека станува збор за црнец или дека зборот „црвенокожец“ е погрден во таа смисла. Мислам дека ова е реакција на политичката атмосфера во Соединетите држави пред сè, но дека оваа прва реакција не мора да значи дека ќе биде на сила за пет или десет години“ – посочи Баздуљ.

Психологот Горан Томин вели дека се плаши дека цензурата во цртаните филмови ќе биде екстремна.

  • „Ова е прашање на навреда, а јас мислам дека навредата е во окото на набљудувачот. Дали некој ќе биде навреден или ќе прифати шега на своја сметка зависи од многу фактори, пред се од неговата личност. Од една страна, не можеме да имаме некаква слобода што подразбира дури и некаква расистичка шега, а од друга страна имаме закана дека некој ќе биде навреден. Тогаш никогаш нема да кажеме ништо, затоа што некој секогаш ќе биде навреден, и поради тоа се согласувам дека е претерување. Од друга страна, тоа е одраз на времето. Кога растевме, не го прифаќавме тоа на тој начин, како некој вид расизам. А, ако го сториме тоа, тогаш што ќе правиме со филмовите на Квентин Тарантино или Скорсезе, Кјубрик, колку насилство има? Ги гледавме Том и Џери, со насилство, слушавме бајки, кои се крајно брутални и после тоа заспивавме без проблем – вели Томин.

Психологот додава дека Дизни е особено интересен за теоретичарите на заговор, поради што и овие цртани се на мета на критики.

  • „Тоа е прашање на контекст, време, историја. Дизни, од друга страна, секогаш е многу интересен за теоретичарите на заговор. Тие обожаваат да се занимаваат со ликот на Волт Дизни, но и со неговите цртани филмови, кои наводно нè програмираат за нешто и претставуваат некои скриени пораки што ќе ни всадат нешто… Тоа нема никаква врска со умот. Постојат сублиминални пораки, но докажано е дека тие можат да направат нешто од нас, само ако ние тоа нешто веќе го имаме – на пример, ако одите по улица и сте многу жедни, ќе видите, да речеме, реклама за Кока-Кола, но нема да станете расист, сексист и слично, ако ги видите т.н. сублиминални пораки во цртаните филмови на Дизни“ – истакна Томин.
escort - Korsan taksi