Таа посвои четири деца во една африканска земја и сега ги изненади со семејно патување за празниците!

4 јануари, 2021
62011247

Божиќните празници оваа година кралица на попот одлучи да ги помине со своите деца, кои ги посвои во африканската земја Малави во нивната матична земја. Таа на Инстаграм се пофали дека патувала во нивната матична земја со децата, а објавила и видео.

„Топлото срце на Африка“, напиша Мадона во описот на видеото.

Мадона успеа да патува во Малави и покрај фактот што земјата ги затвори своите граници поради пандемијата на корона вирус, но на американските граѓани им е дозволено да влегуваат и да ја напуштаат земјата.

Освен посвоени деца, Мадона има и две биолошки деца. Таа ја доби 24-годишната Лурдс од врската со поранешниот личен тренер Карлос Леон, а 20-годишната Рока ја доби со поранешниот сопруг Гај Ричи.