Тамара, Лила и Велевска со ист став: „Интернетот стана место каде што може да навредува оној кој инаку би побарал автограм“

26 мај, 2021
tamara lila elena
  • Социјалните мрежи, „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Твитер“, станаа место каде што може да се информирате, рекламирате, да развивате свој бизнис, да се дружите, споделувате, да го кажете своето мислење и став.

Буквално, денес секој  онлајн може да го напише своето мислење благодарнеие на копчињата на тастура.

Јавните личности исто така се дел од виртуелниот свет и имаат свои профили на социјалните мрежи каде што редовно постираат објави од своите ангажмани, активности, нови проекти, моменти од приватниот живот.

Сите сме дел од новиот вирутелен свет, од новата современа технологија која што постојано нуди нови интересни опции.

Македонските дами, Тамара Тодевска, Лила Филиповска и Елена Велевска се согласија со тоа што денес се може да се прочита на социјалните мрежи, односно што претставува интернетот и кој се може да го напише своето мислење.

Имено, трите познати во кусите приказни на „Инстаграм“ споделија ист статус.

„Интернетот направи да секој ку*тон во делириумот на сопствената небитност може да ги навредува и напаѓа оние од кои инаку би побарал автограм“, споделија Лила, Тамара и Велевска.

Двете пејачки и водителката заеднички се согласија со ова мислење.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi