Толку го криела лицето што едвај гледала каде оди, единствено фотографите можеле да ја препознаат (ФОТО)

5 април, 2021
Screenshot_1

Хејли Бибер беше фатена од папараците по ручекот со нејзиниот менаџер, а се криеше под маска за лице и големи бели очила.

Манекенката Хејли Бибер е инаку позната по тоа дека не сака да влегува дискусии со папараци и не сака да ја следат насекаде, а на последните фотографии се камуфлираше толку многу што е вистинско чудо како дури сфатија дека е таа.

24-годишната сопруга на Џастин Бибер ручаше во луксузен хотел во Холивуд, каде се појави во широка преголема маица, додека на лицето имаше маска и очила за сонце, под кои беше невозможно да се погоди кој точно е тоа. Таа го зачини стилот со бела капа и беше во друштво на нејзиниот менаџер Ени Мејџор, кој веројатно ја разоткри.

Популарната манекенка никогаш не разочарува со своите стилови, и колку и да е лежерно изданието, таа секогаш се обидува да остане во чекор со светските трендови.

Хејли и Џастин Бибер се венчаа во 2018 година на тајна церемонија во Њу Јорк, а манекенката неодамна ја отвори душата и призна колку ѝ било тешко да се носи со толку големо внимание на медиумите. Таа рече дека сака да сокрие од сè и не сака луѓето да се мешаат во нејзиниот живот.

escort - Korsan taksi