Уште една тажна вест и голема загуба за кралицата Елизабета, остана без блиска личност баш на денот на погребот на принцот Филип

20 април, 2021
Screenshot_2

Кралицата Елизабета останала без близок пријател и соработник ,Сер Мајкл Освалд.

Откако ја претрпе загубата на својот сакан сопруг принцот Филип, британската кралица Елизабета доби тажна вест за смртта на уште една блиска личност, поранешниот шеф на Кралските штали и нејзиниот близок пријател Сер Мајкл Освалд, кој почина на 86-годишна возраст .

Сер Мајкл почина по долго боледување на 17 април, денот на последното збогување со принцот Филип. Тој беше главната личност која долги години се грижеше за коњите на кралицата Елизабета, како и за коњите на нејзината покојна мајка кралица.

Често бил гледан во друштво на Елизабетс и Филип и другите членови на семејството, особено на трките со коњи во кои заедно уживале, навивајќи за своите натпреварувачи и водејќи професионални разговори.

„Тој секогаш велеше дека има најубава работа на Светот и дека ќе работи целиот свој работен век и дека ќе го работи тоа дури и ако е толку богат што воопшто не мора да има работа“, рекла неговата вдовица Лејди Ангела која некогаш била вработена кај Кралицата Мајка.

Патем, коњичките спортови и одгледувањето коњи се една од страстите на британското кралско семејство, а кралицата Елизабета научила да јава на само три години и никогаш не ја криеше својата голема љубов кон нив.

escort - Korsan taksi