ВАКВИ ЗАБАВИ НЕ ПРАВААТ НИ КАРДАШИЈАНКИТЕ Карди Би подготви Дизниева бајка за роденденот на нејзината ќерка, сцената ќе ви го одземе здивот (ФОТО)

13 јули, 2021
Screenshot 2021-07-13 232510

Храната на забавата не беше помалку екстравагантна. Роденденската торта беше поголема од децата, а за да може Калчер воопшто да дојде до неа, Офсет ја крена во раце.

Американската раперка Карди Би направи гламурозна прослава по повод третиот роденден на нејзината ќерка Калчер Кјари.

Со сопругот, раперот Офсет, и организираше вистинска бајка на нејзината наследничка, а многумина велат дека ги надминала роденденските забави на Кардашијанките.

Девојчето носеше розов фустан за да изгледа како принцеза, а на забавата биле донесена со кочија како од филм на Дизни. Таму ја дочека пони со златен рог на главата, со цел да изгледа како еднорог, а за да не го извалка фустанот, Офсет ја носеше до влезот.

И изненадувањата не завршија тука, па Карди Би најми принцеза на Дизни да и го честита роденденот, а потоа ја однесе низ волшебниот тунел со балони.

Храната на забавата не беше помалку екстравагантна. Роденденската торта беше поголема од децата, а со цел Калчер воопшто да дојде до неа, Офсет ја крена во раце.

Карди Би ја сними и ја сподели целата забава со своите следбеници на Инстаграм, па покажа дека е организирана и програма за возрасни.

Бремената раперка исто така реши да танцува, па им подготви точка на своите гости со Офсет.

escort - Korsan taksi