Весна Бејби Петрушевска се потсети на покојниот Оливер Драгојевиќ: „Ми недостигаш, драги“ (фото)

4 јуни, 2021
vesna

Актерката Весна Бејби Петрушевска има профили на социјалните мрежи, но е премногу активна односно нон стоп да „виси“ и да објавува каде и што прави.

Сепак,  одвреме навреме знае да објави што има ново, без влакна на јазикот да го каже своето мислење и својот став или пак да ги освежи сеќавањата од некои други времиња.

Овојпат, Весна Бејби се потсети на легендарната музичка ѕвезда Оливер Драгојевиќ.

Имено, на својот „Инстаграм“, објави фотографија со пејачот, а во описот напиша емотивна порака:

„Кога ќе си најдеш фотографија, со Оливер имам еден куп приказни, духовит, непревидлив и без влакна на јазикот. Ми недостигаш драги“, напиша актерката.

Инаку, Оливер почина во јули 2018 година од рак на белите дробови, а хрватската музичка сцена изгуби еден голем музичар и пејач чии песни ќе се пејат засекогаш.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi