ВИДЕО: Девојка од Бразил стана хит на социјалните мрежи откако отпеа песна од групата Нокаут

12 мај, 2021
бразил

Младата девојка Габриела Роша од Бразил стана хит на социјалните мрежи откако неодамна сподели видео на кое пее на македонски јазик.

На почетокот на видеото кое Габриела го сподели на својот инстаграм-профил, таа се обрати на македонски јазик извинувајќи се за акцентските пропусти.

Здраво, мило ми е. Јас сум Бразилка, можеш да ме викаш Габс. Денес ќе се обидам да исвирам и испеам песна на македонски. Извини на мојот акцент. Така, уживај“, вели талентираната девојка во своето видео.

Извонредно талентираната Бразилка ја испеа песната „Сакам да живеам“ од Нокаут. Габи по занимање е архитектонски дизајнер, а нејзино хоби е музиката и јазиците.

Преземено од slobodenpecat.mk

escort - Korsan taksi