(ВИДЕО) Евровизискиот победник е Малта – Обложувалниците ја предвидоа победата

5 април, 2021
малта

Останаа нешто повеќе од 40 дена до почетокот на Евровизија, а обложувалниците запчнаа со облозите.

Британскиот „Смаркетс“, букмејкер познат по одличното предвидување на резултатите (меѓу другото, претседателските избори), судејќи според обложувалниците, предвидува дека победник на Евровизија оваа година ќе биде малтешката пејачка Дестини, давајќи и 17% шанса.

За Малтежанката, исто така, победа прредвидуваат и од други обложувалници, а таа е на врвот откако беше објавена нејзината песна „Je Me Casse“ на ЈуТјуб.

На Малта исто така се гледа како победник според анкетите, а на „Вивиблогс“ Малта со денови беше на самиот врв според бројот на гласови.

Малта оваа година ќе биде претставена од малтешки-нигериската пејачка Дестини Чукунјер, која има само 18 години. Дестини пее на англиски јазик, а и пее кратко парче на француски сленг. Дестини веќе ја освои Евровизија, но онаа детската, во 2015 година.

Преземено од mms.mk

escort - Korsan taksi