(ВИДЕО+ФОТО) Васил Гарванлиев ја сними евровизиската песна: Слушнете дел од темата со која ќе ја претстави Македонија!

3 март, 2021
here i stand vasil

Сите се во нетрпение да ја слушнат песната со која Васил Гарвалиев ќе не претставува во Ротердам…
Македонскиот претставник на овогодинешната „Евровизија“, Васил Гарванлиев, сподели неколку секунди од песната со која ќе настапи во Ротердам, Холандија.
„Here I stand“ е негово авторско дело, а продукцијата и аранжманот се на Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

Вчера беше споделен само тизер од тоа како ќе звучи евровизиската композиција, а официјалната промоција ќе биде на 11 март. Се работи за сосема поинаква песна од оние кои досега сме ги испраќале. Снимена е со камерен оркестар во Скопје, комбинирана со звуци на пијано снимени во Торонто и пратечки вокали снимени во Чикаго

Слушнете дел од „Here I stand“:

Преземено од ekran.mk

escort - Korsan taksi