Внукот на Тоше стана младо момче: Дали Кристијан Ристески ќе ја продолжи својата музичка кариера?

16 април, 2021
vnukot na toshe

Внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески, беше ученик во основно училиште кога неговиот вујко, македонската музичка легенда, трагично почина во сообраќајната несреќа.

Денес, Кристијан веќе ги финализира студиите на Универзитетот за аудио-визуелни уметности – ЕСРА во Скопје и посветено и со многу љубов се гради како музичар.

Кристијан го наследи талентот за пеење од својот вујко, а тоа го потврди во 2009 година, кога беше објавена песната, „My Little Onе“, што ја снимиле заедно со Тоше, а која ја воодушеви македонската и светската јавност.

Потоа во 2018 година, Кристијан ја објави и песната „We are blood“ во соработка со британскиот продуцент и соработник на Тоше, Енди Рајт.

Сепак, за него, освен за неговите ретки музички ангажмани, македонската јавност за жал не знае многу. Од неговиот инстаграм-профил може да се забележи дека Ристески е љубител на зимските спортови и ужива да биде во природа опкружен со пријателите…

Во неговите последни интервјуа, Кристијан вели дека нема посебни планови за иднината, дека ја сака музиката и ќе остави времето да покаже што понатаму.

Преземено од republika.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi