Впечатливо и храбро: Тамара Тодевска по подолго време го смени имиџот (фото)

26 февруари, 2021
тамара розева коса
Пејачката Тамара Тодевска неделава заедно со сестра си Тијана Дапчевиќ за првпат имаа заеднички концет. Поради мерките за заштита од коронавирусот ова музичко случување се одржа онлајн.

По повод ова нивно заедничко музичко задоволство, Тамара реши да го смени имиџот

Имено, таа се појави со коса обоена во бебешко розова нијанса која е голем стилски хит периодов.

Кога станува збор за изгледот, Тамара години наназад соработува со професионалци во својата област, па ништо не е оставено на случајнот.

Рамната кратка руса коса веќе неколку години е моден хит и нејзин заштитен знак, но деновиве реши да го промени тоа делумно и да внесе разиграност во својот стилски печат.

Покрај коментарите за одличниот сестрински онлајн концерт, Тамра доби комплименти и за фризурата, која за повеќето следбеници изгледа доста освежувачко на неа.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi