Yon Idy си ја отвори душaта со My Fire

16 септември, 2021
yon idy my fire

По кратка пауза во 2021, Yon Idy се враќа со најновиот сингл My Fire кој го истражува сомнежот што секој од нас го носи во себе додека ги следиме сопствените страсти. Дел од песната вели:

“Here’s a song I’ll write for my own

One that cries out but keeps me warm and keeps my

Fires burning around my soul.”

„Еве песна која ќе си напишам на себе

Песна која ќе се исплаче, но ќе ме стопли,

И ќе продолжи да го разгорува огнот околу мојата душа.“

Сите може да му заблагодариме на Yon за неговата нова песна која ни нуди надеж.

My Fire е песна која Yon ја напишал во време кога се борел да го пронајде патот до музичкиот бизнис. Ги преточил чувствата во зборови за да си даде поддршка. My Fire е песна создадена да ве стопли одвнатре. Првенствено, сакал да ја задржи песната за себе, но одлучил да ја пушти, откако од многумина добил позитивни коментари.

Официјалното видео за My Fire може да го погледнете на овој линк:

Yon е пејач-текстописец од Скопје. Пораснал опкружен со музика. Кога започнал да свири на гитара на 16-годишна возраст, ја открил љубовта кон пишување песни. Моментот бил толку природен што тој веднаш знаел дека тоа ќе биде неговата доживотна пасија. Тој постојано излегува од својта комфорна зона за да создава нови стилови. Неговиот музички стил може да се опише како indie-pop, на моменти воден од акустични инструменти. Во раното детство имал влијание од Leonard Cohen, the Beatles и Muse. Неговата музика може да се опише како комбинација од пејачот и бендовите, што може да се увиди во My Fire, која го има интимното наративно пеење со вокалот на Leonard Cohen, чувството на оркестарска продукција комбинирана со рок и блуз акордна прогресија која ја користат Muse, и поп мелодија, лесна за уво, која ги направи the Beatles најдобриот бенд на сите времиња.

Поврзете се со Yon на неговите профили:

Facebook| Instagram

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris