За влакно не ја претставуваше Македонија на Евровизија, па предизвика физичка пресметка – се отсели пред 10 години, денес нема да ја познаете!

31 март, 2021
pileva

Се сеќавате на пејачката Александра Пилева која пред десетина години беше доста активна на македонската музичка сцена?

Пилева заедно со своето семејство во 2013 година се отселија од Македонија и подобро утро побараа во далечната Америка.

За жал Александра не ја продолжи својата музичка кариера, туку се посвети на нешто сосема друго.

Инаку пред две години таа позираше за насловната страница на македонскиот весник „Macedonian Social“ кој се издава во Америка. Пилева на насловната фотографија позира во долг бел фустан кој и ги открива нејзините долги нозе.

Инаку Пилева беше на чекор да ја претставува Македонија на Евровизија во 2005-та година кога со песната „Сонце и месечина“ не успеа да го победи Мартин Вучиќ и неговата песна „Ти си сон“.

Нејзините фанови инаку предизвикаа и вербални напади и физичка пресметка кон Драган и Мартин Вучиќ по излегувањето од Универзалната сала во Скопје.

Таа е мажена и има син по име Лука кој често го споделува на својот Инстаграм профил.

Преземено од kurir.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris