Жешката Кардашијан ГОРИ во фустан од 1.596 евра, а новата фотографија во бикини е чиста провокација (ФОТО)

18 мај, 2021
1590923815102-kortni-kardasijan-830x0

Американската ријалити sвезда Кортни Кардашијан (42) објави нови провокативни фотографии на социјалната мрежа Instagram, а по тој повод истакна дека се чувствува добро во сите розови нијанси.

Имено, популарната Кортни најпрво објави фотографија во проѕирен, розов фустан од кој ѕиркаа брадавиците под него, а прекрасниот фустан во кој беше фотографирана беше винтиџ модел на „Версаче“, кој многу личи на ноќница.

Цената на овој прекрасен фустан е 1.374 фунти, или 1.596 евра. Потоа објави фотографија на која позира во розово минијатурно бикини додека јаде хамбургер.

Кортни објави и фотографија со нејзината помлада сестра Кендал Џенер (25), на која седи на џет-ски на надувување, како и други фотографии на кои може да се види дека им се допаѓа розовата боја, но и дека е многу заводлива.

Инаку, Кортни ја потврди својата врска со тапанарот Тревис Баркер на социјалните мрежи на почетокот на годината.

Потоа објави фотографија на Instagram каде се држи за раце со Баркер и на тој начин ја официјализира својата врска пред милионите обожаватели.

Пред неколку месеци невенчаната двојка отишла во Палм Спрингс, Калифорнија, каде куќа има нејзината мајка Крис Џенер (65).

Кортни покажа дека љубовта навистина  цвета пред една недела на нејзиниот Инстаграм кога со своја рака ја истетовира раката на Тревис, на која напиша „Те сакам“.

escort - Korsan taksi