Знае дека изгледа добро: Ева Лонгорија уште еднаш ја покажа својата заносна фигура и ги истакна своите облини

17 јуни, 2021
1483005

Дека годината, што забави и затвори многумина во нивните домови поради пандемијата на корона вирусот, ја искористила многу добро, покажа Ева Лонгорија во последната објава на својот Инстаграм профил. Редовниот тренинг на мини трамполина, од кој не се откажува, се исплатеше, бидејќи изгледа подобро од кога било

Поранешната „Домаќинка“, 46-годишната Ева Лонгорија ги покажа своите совршено тренирани и вретенасти мускули на телото носејќи само минијатурно бикини во кралско сина боја, пиејќи освежителен пијалок потпрена на шанк. Таа се сокри од сонцето со голем сламен шешир, но и со очила за сонце, а со натписот на чашата од која пие, испрати јасна порака – дека сака само позитивни вибрации.

Со оваа фотографија таа воодушеви 8,1 милиони обожаватели од целиот свет, кои верно ја следат на Инстаграм, покажувајќи како се исплати напорното вежбање во текот на целата година.

И додека повеќето нејзини колеги одат во теретани и вежбаат на справи, Ева Лонгорија е воодушевена од новиот тренд – вежбање на мини трамполина, што ја исполнува толку многу што дури и ја носи својата трамполина со себе на одмор.

А најгорд на атрактивната бринета е секако нејзиниот сопруг Хозе Бастон, со кого го има двегодишниот син Сантијаго.

escort - Korsan taksi