Зошто татко му на Раде Шербеџија НЕ ГЛЕДАЛ НИЕДЕН НЕГОВ ФИЛМ

4 февруари, 2021
Zagreb, 16.06.2019 - Glumac Rade Serbedzija

Раде Шербеџија како актер постигна неверојатен успех на светско ниво и важи за еден од најголемите актери од регионот, можеби и најголем.

За време на својата богата кариера, Шербеџија имаше прилика да глуми историски личности како Никола Тесла до Јосип Броз Тито, но тој вели дека не чувствувал никаков товар поради нив.

– Не! Играјќи ги овие славни ликови, актерот секогаш мора да води сметка да вдише нешто животинско и човечко во нив. Не е добро кога им приоѓаме како да се богови. Па,

Хамлет е само обичен ранлив човек со своите маани и доблести. – рече Шербеџија.

Тој вели дека глумењето на историски личности е посебен ангажман и дека  треба да се разбере времето во кое се одвива приказната, да се проучат обичаите, навиките.

На прашањето дали и како реагира на критиките, Раде имаше едноставен одговор.

– Јас не следам критики. И не ми пречи дали некои од нив се лоши за мене. По ѓаволите, главно само ме фалеа цел живот. Негативната критика, доколку е оправдана и внимателна, може да биде и конструктивна и корисна, вели тој па сподели зошто неговиот татко не сакал да го гледа.

– Имаше денови кога нервозно се прашував зошто татко ми Данило никогаш не ме гледаше како актер во филм или театар … Еднаш го прашав и тој ми рече: „Раде, тоа таму е некој друг човек, а јас го сакам мојот син онака како што јас го познавам и го сакам … ” Денес сум горд на неговиот став – рече Раде.