Ако сакате да изгледате послаби, заборавете на малиот црн фустан: Гардероба на линии која симнува килограми!

20 септември, 2021
shutterstock1378008584-830x0

Одамна беше правило дека дамите кои сакаат да изгледаат потенки треба да изберат маици, фустани и кошули со вертикални ленти, за кои се веруваше дека визуелно ја издолжуваат фигурата.

Уште подобро решение, советуваа дизајнерите, е гардероба во една боја, па оттука и популарноста на „малиот црн фустан“ како „вечен избор“ секогаш кога не знаеме што да облечеме.

Сега, сепак, дојде до пресврт – научниците открија дека темните хоризонтални ленти прават женската фигура да изгледа потенка!

Психолозите од Универзитетите во Амстердам и Крит извршија три експерименти во кои учествуваа 108 луѓе, и на кои беа прикажани фотографии од жени во фустани со хоризонтални ленти и исти жени во еднобојни фустани со ист крој.

  • Приказната за пругите и облеката е застарена и неконзистентна – вели Антонис Космупис од Универзитетот во Амстердам.
  • И покрај вообичаеното мислење дека лентите прават некого да изгледа пошироко, откривме дека жените кои носат фустани со темни хоризонтални ленти изгледаат потенки отколку кога носат фустани со ист крој без ленти.

Значи, ако сакате да изгледате послаби, отсега знаете што да правите – набавете фустан или маица со хоризонтални ленти во темна боја и уживајте во својот одраз во огледало.

escort - Korsan taksi