Ако сте имале корона, само една доза од вакцината за корона може да биде доволна!

2 февруари, 2021
ка

Иако е неопходно луѓето кои поминале ковид 19 во одреден момент да се вакцинираат против корона вирусот, според американските научници, најверојатно ќе им треба само една доза од вакцината.

Една нова студија со вклучена 231 вакцинирана личност, предводена од вирусологот професор Флоријан Крамер од Њујорк, покажа дека луѓето кои се заразиле со САРС-КоВ-2 имаат поголема веројатност да пријават реакции по вакцинирањето. Како на пр. замор, главоболка, треска и болка во мускулите и зглобовите.

Исто така, оние кои претходно биле заразени со вирусот корона развиле многу повисоки нивоа на антитела дури и по првата доза на вакцината. Врз основа на овие откритија, на оние кои имале ковид 19 можеби им е потребна единечна доза на вакцина, велат научниците.

„Мислам дека една доза од вакцината ќе биде доволна“, вели д-р Крамер. – Тоа би ги спасило луѓето кои поминале несакани ефекти на ковид 19 по вакцинирањето, а во исто време би направиле повеќе дози на вакцината подостапни за граѓаните кои сè уште не биле имунизирани.

escort - Korsan taksi