Алкохолот е директно или индиректно одговорен за за појавата на околу 60 болести

7 јуни, 2021
Close,Up,Shot,Of,Group,Of,People,Clinking,Glasses,With

Францускиот институт за здравствени и медицински истражувања, Inserm, докажа дека не постои количина алкохол што не е опасна по здравјето. Секоја количина алкохол, макар и мала, штетно влијае на здравјето, според авторите на студијата за штетата на здравјето поврзана со алкохолот, кој го пијат скоро 43 милиони луѓе во Франција.

Да се намали достапноста на алкохол

Количината на алкохол консумирана во Франција е голема, особено кај младите, додека, според студијата, Франција годишно има 41 000 смртни случаи (од кои 11 000 се жени) што предизвикува социјални трошоци од 118 милијарди евра, според 700 страници студија, пренесува АФП. Затоа, експертите препорачуваат забрана за рекламирање алкохолни пијалоци на Интернет и на јавни места и зголемување на цените со оданочување на пијалоците по грам алкохол што ги содржат или со воведување минимални цени на пијалоците, како во Шкотска. Тие исто така предлагаат „намалување на достапноста на алкохол“ со ограничување на работното време и бројот на продавници и „укинување на мерките за потрошувачката на алкохол со низок ризик“ – не повеќе од два пијалоци на ден и не секој ден.

Нема здравствени придобивки од алкохолот

Според две студии спроведени од Институтот, редовната потрошувачка – 10 или повеќе пати месечно, се однесува на секој десетти помлад тинејџер во Франција и секој четврти постар тинејџер. Потрошувачката на алкохолни пијалоци е зголемена кај луѓето постари од 50 години во Франција од 2013 година, особено бројот на случаи на „тежок повремен алкохолизам“ – експресно пиење и случаи на ризична потрошувачка на алкохол, повеќе од две чаши на ден.

Консумацијата на алкохол е директно или индиректно одговорна за околу шеесет болести, вклучително и карциноми, како што е рак на дојка, како и кардиоваскуларни заболувања. Тоа е прва причина за хоспитализација во Франција и, после тутун, втора причина за смрт што може да се избегне, потсетуваат експертите, кои негираат какви било заштитни ефекти на алкохол.

  • Мора да престанеме да кажуваме дека црвеното вино е добро за срцето – рече Микаел Насила, истражувач на Inserm од Истражувачката група во Амиен за зависност од алкохол и дрога.