Дали ова е НАЈНОВИОТ ТРЕНД за убавина – завиткајте го лицето во СТРЕЧ ФОЛИЈА?! (ВИДЕО)

1 април, 2021
e392c84089d9d13cff38eb33de34a954c8b3c6a9

Според блогерите, лицето е неверојатно меко и мазно по овој третман

Трендовите за убавина препорачани од блогери ширум Светот добиваат вртоглава популарност, особено ако се покажат ефективни. Така, најновиот тренд за нега на лице стана планетарно популарен затоа што вклучува завиткување во стреч фолија, особено кога имате проблем со лупење на кожата.

Имено, третманот вклучува прво нанесување крем или еликсир за длабока нега и хидратација, а после тоа е потребно да се сварат 500 милилитри вода, а потоа да се додаде вреќичка со зелен чај. Спарете го лицето 10 до 15 минути над овој чај, подигнете само 20 сантиметри од течноста, а потоа покријте го целото лице со стреч фолија и внимателно направете дупки во пределот на устата и носот за да можете да дишете.

Останете под стреч фолијата околу десет минути, а потоа натопете крпа во зелен чај и загрејте ја во микробранова печка една минута. Избришете го лицето со влажен пешкир додека не се олади пешкирот.

Лицето треба да биде меко и полно со сјај. Дали сте го пробале досега?

escort - Korsan taksi