ДАЛИ СТЕ ЗАВИСНИ ОД РАБОТА? Обратете внимание на симптомите пред да е доцна!

4 септември, 2021
200511_profimedia0268839815_ls

Само што се вративте од одмор, но ви треба нов?

И додека бевте на одмор, дали имавте навика одвреме – навреме да се вклучите во деловни активности?

Јасно е дека, иако бевте на одмор, не успеавте целосно да се исклучите од деловниот свет.

И тоа може да предизвика стрес, па дури и чувство на вина.

Експертите велат дека тоа е затоа што станавте зависни од постојано проверување на деловната е – пошта, па затоа не можете да се опуштите од страв да не пропуштите нешто важно. Ова чувство на вина или несигурност се јавува од неколку причини и зависи од видот на работата што ја работите, но и од нивото на вашата одговорност во тимот.

Психолозите го сведоа ова на неколку прашања што секој треба да си ги постави.

Како се поделени одговорностите во вашиот тим? – Делегирање одговорности значи да му верувате на вашиот тим за да може да ја заврши работата што вообичаено ја работите. Ако не сте сигурни во тоа, нема ни да се одморите додека сте на одмор.

Дали му верувате на вашиот тим? – Убедени сте дека вашиот тим е способен да направи добра работа. Изберете некој од тимот што може да ве ослободи додека сте на одмор. Нека ви се јави само ако нешто е навистина итно.

Дали се чувствувате виновни за вашиот одмор? – Дали имате чувство дека и должите нешто на компанијата, дека не сте заслужиле пауза или дека не работите доволно? Во тој случај, може да доживеете стрес и емоционална исцрпеност. Би било добро да се консултирате со психолог кој ќе ви помогне да ја зајакнете вашата самодоверба, самосвест и да научите да поставувате граници.

Дали се чувствувате преоптоварени? – Вашето его не може да се одмори, иако знаеме дека секој може да се замени. Затоа, оставете простор на вашиот тим или колеги да ги направат работите на свој начин. Може да отвори нови можности за кои не сте ни помислиле.

escort - Korsan taksi