Делта сојот не предизвикува тешки случаи кај деца и адолесценти

4 септември, 2021
shutterstock_2002995152-e1627662196219-750x446

Делта варијантата на коронавирусот не предизвикува потешки случаи на ковид-19 кај деца и адолесценти отколку другите варијанти на вирусот, според првите податоци од студијата објавена од американските здравствени власти.

Загриженоста за последиците од варијантата делта врз младите луѓе расте веќе неколку недели во САД, поради зголемениот број хоспитализирани деца.

Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), главната федерална агенција за јавно здравје во земјата, проучуваше податоци од пациенти хоспитализирани поради ковид-19 во 99 окрузи во 14 држави.

Агенцијата го спореди периодот од почетокот на март до средината на јуни со периодот од средината на јуни до крајот на јули, кога делта сојот стана доминантен во САД.

Помеѓу тие два периоди, стапката на хоспитализација за деца и млади до 17 години се зголеми петкратно.

Меѓутоа, „процентот на деца и адолесценти примени во болница поради тешка форма на болеста“, на пример, примени на интензивна нега, „беше сличен пред периодот кога делта варијантата стана доминантна и за време на истата“.

Покрај тоа, студијата покажува дека вакцините добро ги штитат адолесцентите од делта варијантата, бидејќи процентот на хоспитализација е околу десет пати поголем за невакцинираните луѓе. Во Соединетите држави, вакцината Pfizer може да се добие на возраст од 12 години.

Сепак, ЦДЦ нагласува дека бројот на тешки случаи на ковид-19 помеѓу средината на јуни и крајот на јули кај деца и млади луѓе бил премногу мал за споредбите да бидат целосно релевантни.

Тој нагласува дека податоците мора да се следат понатаму во иднина.

escort - Korsan taksi