Диета која ги намалува триглицеридите во крвта и ги регулира маснотиите

4 април, 2021
c8d8a1f0484af3b2dabeedfe3c6b6981770e5e50

Ако нивото на триглицерид е повисоко од 1,7 mmol / l, тогаш најдобра терапија за вас е да јадете храна од морето секој ден. Истражувањата покажуваат дека рибиното масло значително го намалува и нивото на триглицерид.

Во студија на Универзитетот за медицински науки во Орегон, дневната доза на рибино масло – што одговара на внесувањето на околу 200 гр лосос, скуша или сардини дневно – ги намали триглицеридите за повеќе од 50 проценти.

Морска храна

Второ истражување на Универзитетот во Вашингтон следело мажи кои јаделе морска храна наместо месо, јајца, млеко и сирење, два пати на ден во период од три недели. Школките ги смалиле триглицериди за 61 процент, остриги за 51 процент и ракови за 23 проценти.

Корисно е да се знае дека едно чешне лук ги намалува триглицеридите дневно за околу 13 проценти, а една чаша мешунки за 17 проценти.

Лук, мешунки, грејпфрут и грозје!

Можете исто така да се борите против маснотиите во крвта со грејпфрут и масло од семе од грозје.

Примената на диета што го намалува нивото на триглицериди треба да трае три месеци, доколку за тоа време не се покажат резултати, неопходна е терапија со лекови.

Понеделник
Појадок: домашна паштета од риба и две парчиња интегрален леб
Ручек: платика на скара, кисела брокула зачинета со лук и масло од семе од грозје
Вечера: сардини со кромид

Вторник
Појадок: сендвич со зелена салата, млад кромид и туна
Ручек: димен ослиќ во сок од домати и пире од компири
Вечера: октопод на скара

Среда
Појадок: рибини филети и зелена салата
Ручек: риба супа и компир салата со кромид
Вечера: тестенини со морска храна

Четврток
Појадок: салата од туна, зелена салата и ротквица со две парчиња леб од интегрално
Ручек: лосос и компири печени во рерна зачинети со масло од семе од грозје и лук
Вечера: паштета од риба со леб

Петок
Појадок: домашна паштета од риба и две парчиња интегрален леб
Ручек: пастрмка и варен зелен грав зачинет со лук и масло од семе од грозје
Вечера: сардини и парче леб од интегрално

Сабота
Појадок: рибини филети, интегрален леб и ротквици
Ручек: скуша и зелена салата на скара
Вечера: тестенини со туна и кромид

escort - Korsan taksi