ДИЕТА СПОРЕД КРВНИТЕ ГРУПИ ВО КОЈА СЕ КОЛНЕ И ЕЛИЗАБЕТ ХАРЛИ: Благодарение на овој план на исхрана, таа е толку слаба! (МЕНИ)

12 април, 2021
220749_moda-trend_ls

Ефективен начин за слабеење

Оваа диета може да ни помогне да останеме здрави, да се чувствуваме добро и да одржуваме витка линија. Диетата според крвна група е создадена од нутриционист Питер Ди Адамо, а брзо покажа позитивни ефекти.

Многу луѓе ширум светот, вклучувајќи ја и Елизабет Харли, ја регулираат својата тежина со оваа диета.

Еве што треба да знаете за оваа диета, која храна е пожелна, а која е на забранетата листа.

Постојат 4 главни крвни групи А, Б, АБ и 0 и секоја од овие групи може да биде Rhd позитивна или Rhd негативна. За секоја група постојат дозволени и недозволени намирници.

Крвна група А

Вегетаријанскиот тип на исхрана најмногу одговара на оваа група. Многу овошје, зеленчук и житарици се она што им се препорачува на прво место.

Дозволени намирници: сите видови риба, соино млеко, маслиново масло, тиква, кикирики, грав, леќа, хељда, овес, ‘рж, брашно од ориз, брокула, моркови, зелена зелка, ќељ, праз, магдонос, спанаќ, компир, кајсии, капини, боровинки, лимони, цреши, смокви, грејпфрут, ананас, сливи, суво грозје, кајсии, моркови, ананас, сливи, лимонада со мед, сенф, зелен чај и црвено вино.

Забранети намирници: Секое месо освен пилешко, путер, сладолед, крем сирење, кашкавал, кравјо млеко, сурутка, ф’стаци, жолт и шарен грав, црвена и бела зелка, модри патлиџани, печурки, домат, црвен компир, банани, портокали, мандарини, црвена пиперка, оцет, кечап, мајонез, пиво, алкохолни и газирани пијалоци.

krvna grupa

Крвна група Б

Доколку ја имате оваа крвна група, вие сте меѓу вистинските среќлии, нутриционистот вели дека можете да јадете скоро се, без да имате проблеми со телесната тежина и варењето на храната. Сепак, постои помал список на храна што треба да се избегнува.

Еве и која: сланина, пилешко, свинско, сончогледово масло, лешници, сончоглед, кикирики, тиква, црн грав, маслинки, леќа, хељда, домати, кечап, цимет, бибер.

Намирници кои влијаат најповолно: јагнешко, зајачко, ослич, скуша, штука, фета сирење, солено кравјо сирење, јогурт, маслиново масло, оризови снегулки, цвекло, брокула, компир, зелка, морков, карфиол, црвена и зелена пиперка, банана, лубеница, грозје, ананас, сливи, кари, калинка, нане и зелен чај.

Крвна група АБ

Ова е најретката и најспецифичната крвна група. Ако спаѓате во оваа група, се препорачува да имате неколку помали оброци во текот на денот.

Дозволени намирници: јагнешко, мисиркино, риба, сирење, млечни производи, ореви, зелен зеленчук, цвекло, смокви, грозје, кафе.

Забранети намирници: свинско, говедско, телешко, пилешко, дивеч, школки, сончогледово и масло од сусам, лешници, семки од тиква, црн грав, пченка, ротквица, банани, кокос, калинка, урми, кечап.

krvna grupa

Нулта крвна група

За оваа крвна група, најдобра диета е онаа што е богата со протеини, квалитетно месо, риба, но и зеленчук и овошје.

Дозволени намирници: говедско, телешко, ослич, скуша, пастрмка, маслиново и ленено масло, семки од тиква, ореви, лук и кромид, магдонос, брокула, црвена пиперка, тиква, зелен зеленчук, компири, смокви, сливи.

Забранети намирници: свинско, крем сирење, сирење, кравјо и козјо млеко, јогурт, кисело млеко, сурутка, крем, разнобоен грав, пченица, пченка, овес, пецива, карфиол, модар патлиџан, маслинки, црвен компир, печурки, црвена зелка, проќељ, капини, јагоди, кокос, портокал, мандарини, оцет, мелен пипер, цимет, ванила, кечап, кафе, алкохолни пијалоци, црн чај.

escort - Korsan taksi