Едноставен тест за КОЖА ќе открие дали сте испиле доволно ВОДА

4 јули, 2021
Screenshot 2021-07-04 184018

Кога температурите се високи како овие денови, постои зголемен ризик од дехидрираност, особено за луѓето кои поголемиот дел од денот го поминуваат надвор.

Иако знаеме дека два литра течност е минимум што треба да го внесеме во организмот, ние често не го правиме тоа, па затоа го доведуваме организмот во состојба на дехидратација.

Еден начин да проверите дали сте дехидрирани е да ја истегнете кожата.

Кожата која е доволно хидрирана е еластична и брзо ќе се врати во претходната позиција. Ако кожата полека се враќа, таа е малку дехидрирана и тоа значи дека е време за вода!

Сепак, постојат и други индикатори за оваа состојба. Симптоми како безволност, главоболки или сува уста укажуваат на дехидрираност, вели германскиот дерматолог Кристоф Лајбах, кој посочува дека најголемиот проблем е што луѓето обично не препознаваат дека телото нема доволно течност.

„Бидејќи сум дерматолог, можам да препознаам дека на кожата и недостасува вообичаен сјај и влага, но не е лесно за оние кои не се од професијата да го препознаат тоа“, советува Лајбах и посочува дека во текот на жешките денови треба да пиете повеќе од предложениот минимум од литар и половина течност на ден.

Тој исто така истакна дека најлесниот начин да се разладите е да испуштите вода од чешмата преку дланките и подлактиците.

“Ако сте надвор за време на сончевите и топли денови, најдобро е да бидете во сенка од 11 до 16 часот. Изложувањето на сонце пред и потоа ќе му помогне на телото да произведе доволно витамин Д и да го зголеми нивото на хормоните на среќата”, напоменува дерматологот, додавајќи дека сончањето нема да спречи производство на витамин Д и ќе го зачува здравјето.

escort - Korsan taksi