КАКО ДА ГИ РАЗЛИКУВАТЕ ДОМАШНИТЕ И СЛАТКИ ЈАГОДИ ОД БЕЗВКУСНИТЕ: Еве ги клучните разлики!

9 мај, 2021
249439_jagode_ls

Погледнете ги овие неколку критериуми кога ги купувате омилените црвени плодови

Скоро и да нема човек што не сака јагоди и црвени плодови воопшто. Но, како да ги препознаеме вистинските, домашни, денес кога омилените овошја се главно целосно безвкусни и изгледаат како да се направени од пластика?

Како прво, важно е да се знае дека голем дел од јагодите што ги наоѓаме на продажните места се увезени од Турција, Шпанија, па дури и од Америка. Повеќето од нас не се многу задоволни од тој факт и се прашуваме како да ги најдеме вистинските домашни.

Домашната слатка јагода има многу интензивен мирис, па како што поминуваме низ редовите на пазарот го чувствуваме нејзиниот силен препознатлив мирис – тоа се обично јагоди кои се многу слатки и домашни.

Домашните јагоди немаат ист вкус од сите страни, а тоа е затоа што сончевите зраци не паѓаат рамномерно на овошјето, покрај тоа, тие никогаш не се со иста форма и големина.

Домашните јагоди се распаѓаат побрзо од увезените, токму затоа што имаат помалку пестициди.

Увезената јагода ќе ја препознаете и по дршката. На увезените јагоди има многу голема дршка, совршено обликувана и темна, додека кај домашните јагоди е бело-зелена затоа што биле неодамна собрани.

Кај домашните јагоди, бојата е иста внатре и надвор, а семките се мали и ги има многу. Додека кај увезените семињата се поголеми и поретки. При избор, изберете цврсти, но не и тврди, избегнувајте ги меките. Јагодите се полни со витамин Ц, тие се одлични антиоксиданти и се одлична превенција од стареење на кожата и телото.

escort - Korsan taksi