ОВИЕ ПИЈАЛОЦИ ЈА САБОТИРААТ ДИЕТАТА! Ако сакате да изгубите килограми мора да ги заобиколите

6 јуни, 2021
gazirano

Вежбањето, здравата храна и животот без слатки, секако значат многу ако сакате да се ослободите од вишокот килограми.

Ако настојувате да живеете здрав живот и да ги следите советите поврзани со слабеењето, брзо ќе научите која храна треба да се исклучи од менито додека сте на диета. Сепак, постои еден пијалок што треба целосно да го отстраните од животот во тој период, а тој е тесно поврзан со зголемувањето на телесната тежина – газиран пијалок.

Според резултатите од студијата објавена во списанието „BMC Public Health“, 20 проценти од вкупниот внес на калории за еден ден доаѓа од пијалоците. Просечна личност троши 2.000 калории на ден, што е околу 400 калории од пијалоци.

Каде точно се кријат тие 400 калории?

Студијата откри дека станува збор за комбинација на кафе и чај со адитиви, енергетски пијалоци, овошни сокови, млеко и алкохол. Сепак, сите овие споменати пијалоци не можат да се споредат со оној што содржи најмногу калории, а тоа се газираните пијалоци.

Резултатите од студијата наведуваат дека ваквите пијалоци можат да значат внесување на 35 до 141 калорија, во зависност од тоа колку сте стари. Јасно е дека тие се поврзани и со натрупувањето на вишок килограми, особено ако знаеме дека една лименка таков пијалок содржи 150 калории.

ПРАЗНИ КАЛОРИИ

Добро е да се има предвид дека ова се празни калории кои доаѓаат од шеќерот. Значи, една конзерва содржи 35-61 грам шеќер. Истражувањата исто така потврдуваат дека консумирањето засладени пијалоци влијае на дебелината кај децата и возрасните. Ова е особено јасно ако знаеме дека повеќето од овие пијалоци содржат и фруктоза од пченкарен сируп, а телото е во состојба да ја разгради само преку црниот дроб и не може да ја користи за енергија колку што може глукозата. Ова секако може да придонесе за зголемување на телесната тежина, но и проблеми со метаболизмот.

Со текот на годините, бројни студии ги поврзуваа газираните пијалоци со зголемувањето на телесната тежина, а едно од нив потврди дека учесниците кои редовно вежбале, сепак се здебелиле неколку килограми ако пиеле газирани пијалоци.

Газираните засладени пијалоци не само што се одговорни за вишокот тежина, тие сигурно имаат лошо влијание врз целокупното здравје и се поврзани со развојот на дијабетес тип 2, кардиоваскуларното здравје, депресијата, заболувањата на црниот дроб

escort - Korsan taksi