Победете ja главоболкaта и мигрената на природен начин: 5 намирници кои ќе ви помогнат во борбата против болката

2 јули, 2021
pobeete ja glavobolkata

Докажано е дека повеќето главоболки се предизвикани од состојки од храната што ја консумираме на дневна основа

Ако страдате од тешка мигрена, тогаш знаете колку е тешко да се зема апчиња постојано за борба против острата болка. Затоа експертите открија неколку намирници кои помагаат во ублажување на мигрена.

Омега-3 масните киселини се категорија на масти кои се клучни за нашето здравје.

Овие масти доаѓаат во три главни форми – како алфа-линоленска киселина што се наоѓа во јаткастите плодови и семиња, потоа еикозапентаеноична киселина од риба како лосос и скуша и докозахексаеноична киселина од риба како харинга и сардини.

Според истражувањето, храната богата со омега-3 масни киселини ја намалува фреквенцијата на главоболки и мигрена. Спротивно на тоа, омега-6-те ја зголемуваат веројатноста за појава на овие проблеми.

Истражувачи од американскиот Национален институт за здравство во Балтимор и Универзитетот во Северна Каролина проучувале 182 пациенти на возраст од 38 години (88% од жените), кои имале мигрена пет до 20 дена во месецот и околу пет часа на ден.

Учесниците на студијата беа случајно поделени во три групи и следеа поинаква диета 16 недели. Луѓето кои конзумирале многу омега-3, и го намалиле внесувањето на омега-6 масни киселини, имале просечно 1,7 часа помалку главоболки на ден и четири дена помалку немале симптоми на мигрена или главоболки.

5 намирници кои помагаат при главоболка:

  1. Авокадо
    Покрај тоа што е исклучително здраво, авокадото одлично се бори и против мигрена. Богато е со антиоксиданти како лутеин и зеаксантин. Покрај тоа што спречува силни главоболки, ако се конзумира редовно, мигрената може да стивне и на подолго време.
  2. Смокви
    Смоквите се добри за нашето тело, но тие се особено корисни за мигрена. Ова овошје содржи калиум кој помага во намалување на воспалението и спречување на главоболка.
  3. Лосос
    Честото конзумирање на лосос полн со омега-3 масни киселини и витамин Б2 спречува агрегација на тромбоцити. Лососот исто така го намалува воспалението и помага во борбата против мигрена.
  4. Ореви и семиња
    Неколку ореви лесно ќе ги заменат лековите против болки, бидејќи содржат салицин и омега-3 во големи количини. Освен што ви ги намалуваат главоболките, јаткастите плодови се добри за вашето тело бидејќи содржат и високо ниво на магнезиум, што е важно за подобар проток на кислород во крвта.
  5. Лубеница
    Бидејќи водата помага при мигрена и главоболка, консумирањето храна како лубеницата може да се претвори во ваша корист бидејќи лубеницата е богата со вода.

Исто така, има добар ефект ако јадете морков, краставица или целер наместо лубеница – и оваа храна е полна со вода.

Дехидрираноста е една од најголемите причини за главоболки, затоа проверете дали внесувате доволно течности.

escort - Korsan taksi